Златен шкрилец

Шкрилецот е среднозрнеста до крупнозрнеста метаморфна карпа со среден до висок кристалитет и со одлично изразена шкрилавост, по која и го добиле името. Од минералите, во нив доминираат мусковит, талк, хлорит, биотит и други. Името го добиваат по водечкиот минерал или минералите што доминираат: микашисти (ако доминира лискунот), хлоритски шкрилци, талкотни шкрилци итн. Кварцот како редовна состојка некогаш може и да доминира (кварц-микашисти, кварц-хлоритски шкрилци итн.).

За подетални информации од Нашиот материјал Златен Шкрилец прочитајте во извештајот изработен од Градежен Институт - Скопје.

 I Класа - палета
 30 реда, дебелина 15мм - 30мм (8-14 парчиња во 1м2)
 II Класа - палета
 28 реда, дебелина 15мм - 30мм (20-30 парчиња во 1м2)
 XL Класа - палета
 Дебелина 15мм - 40мм (2-5 парчиња во 1м2)